Франкфурт никако да победи, Лајпциг си замина дома со бод (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт продолжи со лошата форма сезонава, па запиша уште еден меч без победа, откако ремизираше против Лајпциг (1-1).

Домаќините постигнаа гол за водство во 43. минута од натпреварот преку Баркок, по што израмнување следеше во вториот дел преку Поулсен (1-1).

Лајпциг по осум одиграни меча има 17 бодови и се наоѓа на третата позиција, додека Франкфурт е на 11. место со 11 бодови.