Челси ја продолжи победничката серија – освоен е и Њукасл (ВИДЕО)

Лондонски Челси привремено се искачи на првото место во англиската Премиерлига, после третата победа во низа, денеска на гостувањето кај Њукасл, стигнувајќи до петтиот сезонски триумф во елитното друштво на Островот.

Федерико Фернандез уште по десетата минута со автогол ја најави победата на „сините“, а Тоби Абрахам, на асистенција на Тимо Вернер на средина од вториот дел (65-та минута) ја дуплираше предноста, па Челси лесно си запиша нов триумф за да ја продолжи победничката серија со третиот триумф, прв по двенеделната репрезентативна пауза.

За Њукасл ова е четврти сезонски пораз, па црно-белите остануваат на 13-то место со 11 бода од девет меча. Челси сега е прв со 18 бода и со подобра гол разлика со меч повеќе од Лестер, кој го чека гостување кај шампионот Ливерпул утревечер.