
Дете-џин на 13 години дебитираше за Барселона - блесна со фантастично забивање! (ВИДЕО)
Дабоне е млад центар од Буркина Фасо, висок дури 2.10 метри, а има само 13 години, 10 месеци и 22 дена. Натпреварот беше завршен со победа на Барселона од 88-77, но најголемо внимание привлече Дабоне кој во краток период покажа зошто многумина го сметаат за еден од најголемите таленти на европската кошарка.
Тренерот на Барселона Жоан Пењароја откри дека Дабоне бил блиску до деби уште минатата сезона, но во тоа го спречиле бирократски прболеми. Сега препреки немало и младиот центар конечно доби прилика која ја искористи.
Во игра влезе во втората четвртина и веќе уште во една од пвите акции изведе забивање демонстрирајќи моќ која често ја покажува во младинските категории. Натпреварот го заврши со четири поени и три скока за десет минути поминати на теренот.