Јанис во очај се моли, охриѓанецот Осман виси над него (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Турција во второто полуфинале на Евробаскетот ја декласираше селекцијата на Грција, а колку избраниците на Ергин Атаман беа доминантни најдобро покажува резултатот, но и фотографијата објавена на официјалниот Инстаграм профил на Евробаскетот.

Конечниот резултат беше 94-68, а Турција доминираше на двете страни на паркетот. Сосема неочекувано најдобриот кошаркар на Грција и НБА ѕвезда, Јанис Адетокумбо беше запрен на само 12 поени за 40 минути игра.

Токму Јанис е една од главните фигури на споменатата фотографија на која се моли доека Чеди Осман виси на обрачот од грчкиот кош.

Турција в недела во големото финале н 14 септември ќе игра против Германија која претходно беше подобра од Финска.

Фото: FIBA