Непријатни сцени на СП во Токио: Јапонец повраќаше пред публиката (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше во завршницата на натпреварот во брзо одење на 35 километри на Светското првенство каде што домашниот натпреварувач Масатора Кавано беше многу блиску да се сруши во текот на трката.

Имено, Кавано долго време беше во самиот врв, но на десетина километри пред крајот почувствува големи проблеми. Во еден момент тој почна и да повраќа на само неколку метри од публиката.

Успеа на крајот да стигне до целта кога само падна, па брзата помош мораше да реагира и со количка да го тргне од патеката за да му се укаже помош.

Златото на трката му припадна на Канаѓанецот Еван Данфи за кого тоа беше најголем успех во кариерата, претходно прослави бронза во Доха во 2019 година и Токио во 2021. Победата ја обезбеди со време од 2:28:22.