ВАР му поништи два гола на Левандовски, Баерн го доби дербито против Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше во дербито против Борусија Дортмунд со 3-2 и така се врати на лидерската позиција во Бундеслигата, каде што има 18 бодови.

Роберт Левандовски остана без неговиот погодок во 27. минута поради офсајд, по што Дортмунд во финишот стрелаше за 1-0 преку Марко Ројс. А само неколку минути подоцна баварскиот гигант имаше вистинска мајсторија од еден прекин, при што Давид Алаба израмни на 1-1.

На стартот на второто полувреме Левандовски стрелаше за целосен пресврт (2-1), а потоа Лирој Сане зголеми на 3-1 за Баварците. Сепак, Дортмунд не се откажа толку лесно од мечот, па Ерлинг Халанд успеа да намали на 2-3 во 83. минута.

Дортмунд не искористи одлична шанса во 87. минута од натпреварот преку Ројс, по што Левандовски постигна гол во судиското надополнување, но истиот му беше поништен по прегледување на ВАР-снимката.

Баерн е првопласиран со 18 бодови, по што следи Лајпциг со 16 бодови, трет е Дортмунд со 15, а Унион Берлин и Баер Леверкузен имаат по 12 бодови и ја делат четвртата позиција.