Две асистенции на Митровиќ за прв триумф на Фулам (ВИДЕО)

Фулам ја запиша првата победа во Премиерлигата сезонава, и тоа во седмото коло откако го победи тимот на ВБА со 2-0.

Српскиот фудбалер Александар Митровиќ беше одличен во првото полувреме бидејќи запиша две асистенции за само четири минути. Тој најпрво му асистираше на Рид за 1-0, а потоа и на Аина за конечни 2-0.

Лондонскиот тим по седум одиграни меча се наоѓа на 17. позиција со четири бодови, односно еден повеќе од ВБА.