Наполи сигурен на стартот од Серија А, за Елмас - „десетка“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи со сигурен триумф на гостувањето кај Парма (2-0) ја почнаа новата сезона во Серија, откако беа посигурни во второто полувреме во кое паднаа двата погодоци.

Дрис Мертенс во 63.минута го отвори резултатот, а победата ја потврди Лоренцо Инсиње во 77.минута од натпреварот. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десетина минути од средбата, сметајќи го и судиското продолжение, откако на теранот влезе во 85. минута.