Санчо ќе добие астрономска плата од Јунајтед, но нема да биде најплатен во историјата!
По договарањето на личните услови помеѓу играчот и клубот, сега тимот од „Олд Трафорд“ треба да ги финишира преговорите со германскиот прволигаш за висината на трансферот. Управата на составот од Дортмунд не отстапува од бараните 120 милиони евра, а како единствена отстапка е плаќањето во рати, односно две третини веднаш и остатокот во неколку дела.
Ако сѐ биде како што треба, Санчо нема да биде најплатениот фудбалер во историјата на Јунајтед, со оглед што Алексис Санчез има(ше) договор за неделна плата од 350.000 фунти. Тој веќе извесен период игра како позајмен играч во Интер, кој се очекува наскоро да го потпише на уште три години, со што би се ослободил огромен простор во буџетот за плати на Манчестер Ј.