Јовиќ пред (не)очекуван трансфер: Ковач го наговорил Србинот да дојде во Монако

Иако се поврзуваше со трансфер во Милан, па и во Манчестер јунајтед, а и во Херта, утката на деценијата на Реал Мадрид, Србинот Лука Јовиќ на крај изгледа ќе заврши во француски Монако, каде нов тренер е хрватската легенда Нико Ковач.

Според угледниот „Франс Фудбал“, Ковач веќе разговарал со Јовиќ и го убедил дека после очајната сезона во Реал Мадрид, најдобро за неговата кариера да ја воскресне е да дојде во монденскиот Монте Карло и заедно да соработуваат, на што практично се сложил Србинот, но сега за таков трансфер се чека „зелено светло“ од Реал Мадрид.

„Кралевите лани го купија за 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт, но Зинедин Зидан, барем според шпанските медиуми, не го планира Србинот за следната сезона. Сега, пашање е само дали Монако ќе го земе на заем или ќе се обиде да го откупи договорот, што би било помалку реална варијанта бидејќи мадриѓаните нема да го пуштат Јовиќ за помалку пари од тоа што потрошија за него.

Јовиќ сезонава запиша 26 меча за Реал, но само 799 минути, што е премалку за фудбалер вреден 60 милиони евра. Србинот со Нико Ковач соработуваше во Ајнтрахт, а токму хрватската легенда е еден од најзаслужните за блесокот на српскиот репрезентативец.