Тага во НБА: Почина легендарен кошаркар! (ФОТО)

Прославениот американски кошаркар Вес Анселд почина на 75-годиншна возраст. Веста за неговата смрт ја соопшти семејството, а веднаш ја објавија американските медиуми.

Членот на „Куќата на славните“ ја почна кариерата во НБА-лигата во 1968 година, кога беше избран како втор пик од страна на Балимор Булетс.

Во текот на кариерата оствари многу успеси, а како најдобар кошаркар во 1978 година во големото финале го предводеше Вашингтон до титулата.

Се пензионираше во 1981 година, а потоа работеше од 1988 до 1994 како тренер на Вашингтон.