Муслиу и Николов елиминирани од унгарскиот Куп

Македонските фудбалери Висар Муслиу и Бобан Николов заедно со Мол Фехевар денеска беа елиминирани од Мезоковед (2-2) поради помалку голови на гостински терен, откако првиот меч заврши 1-1.

Гостите постигнаа погодок уште во осмата минута од средбата, по што го зголемија водството преку Пекар на 2-0 во 54. минута. Мол Фехевар набрзо намали преку Хоџиќ на 1-2, а Стопира израмни на 2-2.

Муслиу го одигра цел меч за Мол Фехевар, додека Николов денеска остана на клупата за резервни фудбалери.