Кинезите за две години ќе изградат стадион поголем и од „Ноу Камп“ (ВИДЕО)

Најбројната нација во светот очигледно сака да остави голем белег во светот на фудбалот. Кина, која најави големи планови и желба да го организира Светското првенство во 2030 година, сега се подготвува да стане земја со најголем фудбалски стадион во светот!

Тамошниот клуб Гванжу Евергранде има идеја за неколку години да биде сопственик на најголемиот стадион во светот, кој ќе ја престигне Барселона и нивниот „Ноу Камп“.

Во Кина, животот постепено се враќа во нормала по пандемијата на коронавирусот, а до крајот на 2022 година, тие би можеле да добијат нов стадион на кој ќе може да се соберат 100.000 луѓе. За реализација на овој проект, Гванжи ќе инвестира неверојатни 1.700.000.000 долари, а целиот стадион ке изгледа на - лотусов цвет.

Овој стадион треба да биде завршен до крајот на 2022 година, за да биде подготвен за јануари 2023 година, кога ќе се одржи Купот на Азија, чиј домаќин е Народна Република Кина.

Сепак, најголемиот спортски стадион ќе остане оној во Северна Кореја, кој прима 114.000 гледачи.