По победата над вирусот: Јувентус и Милaн најавуваат спектакуларна замена на играчи!

Интересот што Јувентус го има за голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, може да иницира спектакуларна замена на играчи помеѓу овие два италијански великани, во која би можеле да се вклучат неколку фудбалери, а која би се случила по победата над коронавирусот.

Евентуалниот ангажман на италијанскиот репрезентативен голман би значел преселба на Федерико Бернадески во Милано, а можно е во замената да бидат вклучени и Лукас Пакета и уште некој миланез за да се комплетира целата замисла.

Поранешниот фудбалер на Фиорентина одамна е желба на Милан, додека во Торино не успеа добро да се снајде по доаѓањето на Маурисио Сари, додека Донарума не сака да го обнови договорот со росонерите, кој е со важност до јуни 2021, поради што тие ќе прифатат била каква опција која ќе им овозможи да имаат некаков бенефит од неговото заминување.

Во исто време, за голманот се заинтересирани уште и Манчестер јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид.