Американската гимнастичарка Симон Бајлс откри дека плачела по информацијата дека се одложуваат Олимписките игри (ОИ) за следната година.

Бајлс кажа дека одложувањето на ОИ ја натерало да размисли за одлуката да се повлече од спортот. Таа најпрво планираше да се пензионира годинава, но најверојатно тоа ќе го направи следната година.

„Кога дознав за одложувањето најпрво не знаев што да мислам. Седнав и почнав да плачам. Во тој момент беше тешко, но ќе биде подобро“, кажа таа.

Бајлс минатата година на Светското првенство во Штутгарт стана гимнастичарка со најмногу мдали во историјата на светско ниво и во машка и женска конкуренција, со вкупно 25 медали (19 златни, три сребрени и три бронзени).