Ѓоковиќ „се врати од мртвите“: Спаси три меч топки и го суреди Монфилс!
Монфилс доминираше во првиот сет, па направи два брејка на сервисот на српскиот тенисер и го доби сетот со 6-2.
Во вториот сет се водеше голема борба, а Монфилс имаше дури три меч топки, но не ги искористи, по што Србинот израмни на 1-1 во сетови (7-6).
Србинот во последниот сет не дозволи никакво изненадување, па со брутална доминација успеа да триумфира со 6-1 и да обезбеди финале против Стефанос Циципас.