Македонија првпат во историјата може да има гимнастичарка на Олимписки Игри!

На денешниот состанок на Македонскиот олимписки комитет (МОК) се избрани шест спортисти, по три во машка и три во женска конкуренција, кои ќе бидат предложени до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за добивање на право на на учество на Олимписките игри во Токио 2020 година.

За прв пат во историјата на македонската гимнастика може да имаме наш претставник на една олимпијада - Охриѓанката Рејчел Стојанов, а ова го потврди и претседателот на федерацијата Љупчо Арнаудов.

Инаку, македонскиот спорт по подолго време ќе има најмалку еден спортист со обезбедена норма на Олимписките игри во Токио, а тоа е борачот Могамедгаџи Нуров. Ова е прва олимписка норма за еден наш спортист по дури 12 години, откако на последните три ЛОИ настапувавме само со специјални покани, а последни кои го сторија тоа беа кајакарот Атанас Николовски и борачот Мирад Рамазанов на ЛОИ 2008 во Пекинг.