Згаснува поранешен шампион на Португалија
Клубот од Порто доби судска наредба да ги прекине своите операции и да ги испразни просториите до 31 јули, што значи дека по 123 години ќе престане да постои. Боависта е основана во 1903 година и е еден од само петте тима што ја освоиле титулата во португалското првенство, онаа од сезоната 2000/2001.
Исто така, во 1999 и 2002 година, Боависта заврши на второто место, а во 2003 стигна до полуфиналето на поранешниот Куп на УЕФА Последната сезона ја помина во четвртата лига и на крајот, поради финансиски неправилности и разни казни, клубот за жал ја заврши својата долгогодишна традиција.