Георг Стојановски во голем стил го отвори бугарското првенство - постигна гол од центар (ВИДЕО)

Младиот македонски напаѓач Георг Стојановски е главна тема денеска во бугарскиот фудбал откако постигна неверојатен гол на отворањето на шампионатот на оваа земја.

Спартак Варна на домашен терен пдигра нерешено (2-2) со ЦСКА 1948, а Стојановски го постигна првиот гол не само за својот тим, туку и воопшто во новата сезона во бугарското првенство. И тоа каков.

Во 13. минута, поранешниот фудбалер на Вардар доби една топка на центарот на теренот, направи чекори напред и шутираше кон голот точно од половина игралиште. Топката го измами противничкиот голман, го смени правецот и влезе во мрежата.

На овој натпревар, на клупата на Спартак Варна не беше македонскиот стручњак Ѓоко Хаџиевски поради проблеми со документите. Стојановски минатата сезона беше најдобар стрелец на Спартак Варна со осум гола.

Голот на Стојановски можете да го погледнете на овој ЛИНК.