Најскапото селфи на сите времиња со Ѓоковиќ, Меси, Дурент, Брејди, Родри... (ФОТО)

Само еден ден пред големото финале на СО 2026, Њујорк беше сведок на фотографија каква што спортскиот свет ретко памети., откако во ист кадар се најдоа Лионел Меси, Новак Ѓоковиќ, Том Брејди, Кевин Дурент, Родри, Емилијано Мартинез, Лионел Скалони, Луис де ла Фуенте, Рио Фердинанд, Кевин Харт и Тревис Скот.

Токму Дурент го извади телефонот и направи селфи кое експресно беше прогласено за – најскапо на сите времиња. Во позадина имаше илјадници навивачи, а пред камерата стоеја луѓе кои испишаа историја во тенисот, фудбалот, американскиот фудбал, кошарката, како и во музиката и филмската индустрија. Настанот беше организиран во рамките на „Фанатикс фест“ во Њујорк, како спектакуларна најава за финалето на Мундијалот меѓу Аргентина и Шпанија.

Наместо класична прес-конференција, главните актери на финалето добија прашања од спортски легенди. Новак Ѓоковиќ ги праша Лионел Меси и Лионел Скалони како се справуваат со притисокот пред најголемите натпревари, додека Том Брејди разговараше со Меси за легендарната фотографија на која тогаш младиот Аргентинец го капе бебето Ламин Јамал, кое години подоцна прерасна во една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.

Дурент, пак, му постави прашање на Емилијано Мартинез за тоа што би значело за Аргентина освојувањето на втора последователна светска титула. По официјалниот дел, протоколот беше заменет со насмевки, шеги и мобилни телефони, а токму тогаш настана фотографијата која веќе се смета за една од највпечатливите во поновата спортска историја.