Џабе радување: Сити ја одби првата понуда на Барса за најдобриот фудбалер на СП 2026!
Според информациите, тимот од „Камп Ноу“ понудил 45 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони преку бонуси, но англискиот клуб останал на ставот дека за шпанскиот репрезентативец бара најмалку 65 милиони евра. Истата сума претходно му била поставена и на Реал Мадрид, кој долго време важеше за главен фаворит за ангажман на Родри, но преговорите не резултирале со договор.
Сепак, клучна улога во целата зделка би можел да има самиот фудбалер. На Родри му останува уште една година од договорот со Манчестер сити, а според шпанските медиуми веќе дал согласност за трансфер.
„Односите меѓу двата клуба се одлични и се очекува во текот на викендот да продолжат преговорите со цел да се постигне конечен договор“, наведува „Спорт“.
Добрата соработка меѓу Манчестер сити и Барселона не е новост. Во последните години од „Етихад“ на „Камп Ноу“ се преселија Ерик Гарсија, Феран Торес и Илкај Гундоган, а во повеќе наврати со каталонскиот клуб се поврзуваше и Бернардо Силва, иако негов трансфер никогаш не се реализираше.