Кипар може да биде закана, приреди големо изненадување во нашата група!

Репрезентацијата на Австрија која е наш противник в недела доживеа изненадувачки пораз од Кипар со 77-72 во нашата група од втората претквалификациска фаза за ЕП.

На Кипар пред стартот од квалификациите не му се даваа многу шанси, сепак оваа селекција го искористи фактот што Австријците се ослабени во овој „прозорец“ и дојдоа до огромна победа која ги остава во игра за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Речиси во текот на целиот натпревар гледавме израмнета игра и ниту една репрезентација не успеа да се „одлепи“ на повеќе од пет поени разлика. 

Натпреварот беше решен во последните две минути во кои Кипар влезе со негатива од 66-67. Но, тука прво направи серија од 5-0, Капич со тројка ја врати Австрија на еден поен негатива, а клучните кошеви во последните 20-тина секунди ги постигнаа Тикас и Павлидис.

За Австрија пораз од Македонија ќе значи и дека целосно ќе ги загубат шансите за место во главната фаза од квалификациите.