Бронзата во Таранто го мотивираше Рустемовски: Одиме по злато на ОИ во Лос Анџелес!
Како што истакна Рустемовски во Таранто допатувал со желба за златен медал, меѓутоа таа цел за жал не се оствари. Сепак пред него се нови предизвици, а тука се и Олимписките игри во 2028 година каде што македонскиот боксер верува дека ќе се пласира.
„Очекувањата дефинитивно беа злато, меѓутоа мораме да се задоволиме со бронза и одиме понатаму. Следните предизвици се две европски првенства, првото е сениоорското во септември и следното до 23 години во ноември. Олимписките игри во Лос Анџелес секако се главна цел и се надевам ќе се видиме таму. Премногу сум благодарен на големата поддршка и одиме по злато во Лос Анџелес“.