Маркињос го тешеше Габриел по триумфот во ЛШ и за тоа доби награда од УЕФА

Капитенот на ПСЖ, Маркињос доби големо признание на почетокот на денешната ждрепка за главната фаза за Лигата на шампионите.

УЕФА му ја додели наградата за спортски респект (Respect award) за неговиот потег по финалето од Лигата на шампионите против Арсенал.

ПСЖ славеше на пенали, а трагичар беше сонародникот на Маркињос, Габриел кој промаши удар од белата точка. Место да слави со своите соиграчи, фудбалерот на ПСЖ веднаш тргна кон Габриел во желба да го утеши за промашувањето, а тоа не остана незабележано од УЕФА која денеска го награди за тоа.

Маркињос поради клупски обврски не беше во можност лично да ја примо наградата, па во негово име, тоа го направи првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.