Салах е на чекор од изненадувачки трансфер, ќе заработува десет милиони евра по сезона

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах е на чекор до сензационален трансфер во Бешикташ, пренесуваат дел од медиумите. Според информациите, двете страни веќе постигнале договор, а останува да се финализираат последните детали пред официјално да биде потпишан.

Според најавите, Салах во истанбулскиот гигант ќе заработува 10 милиони евра годишно, со можност за дополнителни два милиони евра преку бонуси поврзани со бројот на настапи и постигнатите резултати. Договорот, наводно, ќе биде на една сезона, со опција за продолжување на уште една година.

Доколку трансферот се реализира, Бешикташ ќе добие едно од најголемите засилувања во поновата клупска историја, а доаѓањето на египетската ѕвезда би било еден од најзвучните трансфери во летниот преоден рок во турскиот фудбал.