Ендрик оди на позајмица во Премиер лигата!?
Засега не се открива името на клубот, но се дознава дека агенцијата „Рок Нејшн“ активно работи да го прати на позајмица во Премиер лигата.
Ендрик половина од минатата сезона ја мина на позајмица во Лион, а слична ќе му биде судбината и во оваа кампања.
Неговата позиција е загрозена со доаѓањето на Диоманде и Еспи, па Бразилецот е свесен дека ако сака да игра повеќе ќе мора тоа да го добие во друг клуб.