Сите го преселија во Манчестер јунајтед, а тој потпиша нов договор
Изгледаше дека неговата успешна етапа во Аталанта ќе заврши ова лето, но проблемите со коленото го стопираа речиси договорениот трансфер на „Олд Трафорд“.
Бидејќи ниту една друга понуда не била финансиски блиску до онаа на Манчестер јунајтед, двете страни повторно седнале на преговарачка маса и постигнале договор за продолжување на соработката.
Од клубот не открија до кога е продолжен договорот, но останувањето на Едерсон претставува одлична вест за тимот од Бергамо пред новата сезона.
Бразилскиот репрезентативец, кој настапуваше и на Светското првенство, од доаѓањето од Салернитана одигра 180 натпревари во дресот на Аталанта во кои постигна 16 голови и запишува шест асистенции.