Видал се огласи по тужбата: Мислам дека не е фер тоа што го прави Барселона
Играчот од средниот ред на Барселона веќе некое време е на мета на Интер, а наводно интерес покажал и тимот на Јувентус.
Ситуацијата на Видал во Барселона е доста комплексна, па Чилеанецот вчера го тужеше клубот поради неисплатени бонуси. Станува збор за сума од 2.4 милиони евра. Токму поради овој долг, Видал сака да ја натера Барселона да го продаде во Интер уште во јануарскиот трансфер рок.
Мислам дека не е фер постојано да им ги барам моите пари од клубот. Јас повеќе не сум одговорен околу тоа, мојот адвокат сега се занимава со тоа барање, истакна Видал за чилеански „АДН“