Експресна реакција на полицијата: Пронајден дел од украдената опрема на Англија!

Репрезентацијата на Англија во петокот останала без голем дел од опремата во САД, откако истата била украдена, но американските медиуми пишуваат дека полицијата експресно реагирала и успеала да пронајде голем дел од истата.

Меѓу украдените предмети од Англичаните се копачки, топки, маси за масажа и друг инвертар потребен за тренинзите на „Гордиот Албион“, но дел од нив биле пронајдени и вратени на полицијата.

Американската полиција го истражува случајот и засега не открива детали, иако во медиумите се појавија шпекулации дека возачот на возилото бил вклучен во кражбата.

Фото: Facebook/England football team