Херта го шокираше Леверкузен на „Бај Арена“ (ВИДЕО)

Баер Леверкузен го доживеа вториот пораз по ред во Бундеслигата, откако вечерва на домашен терен загуби од Херта со 0-1 во рамки на 16.коло. 

Стрелец на единствениот гол беше Карим Рекик во 64-тата минута од натпреварот. Ова е втора победа по ред за тимот од Берлин, кој покажува знаци на живот откако на клупата седна легендата Јирген Клинсман.