
Бурно е во Сараево: Хорде Зла ќе протестираат по отказот за Мусемиќ!
Сараевчани од поодамна се незадоволни од работата на раководството и структурите во клубот, а отказот за Мусемиќ само е искра за да излезат на протест пред клупските простории. Според навивачите, не е прашањето за отказот на Мусемиќ толу проблематично, колку што е проблематичен начинот на кој му е даден отказот, што е нешто кое ја прели чашата кај сите навивачи на бордо клубот.
„Не е причина за протестот отказот за Мусемиќ, туку начинот на кој му е даден отказот. Ова е капка која ја прели чашата. Незадоволни сме поради нетраснапарентност на управата, низа погрешни одлуки, а од тоа произлегува лошата атмосфера во и околу клубот. Очекуваме присуство на сите во клубот од Валентин Илиевски, претседателот на Собранието, преку спортскиот директор Емир Хаџиќ до претседателот на УО, Сенад Јахиќ и директорката Сабрина Буљубашиќ“, се вели во соопштението на Хорде Зла.
Сарајево во минатата сезона ја освои двојната круна, а Мусемиќ доби отказ после поразот во сараевското дерби на „Кошево“ од Железничар со 1-2. Велковски е капитен на Сарајево.