Толку беше европската авантура: Металург елиминиран од Горење!
Македонскиот претставник одигра само 23-23 против Горење во Скопје, не успевајќи ни да се доближи до негативата која ја понесе од првиот меч, во Велење, со 19-24.
До душа, овде водеше со 13-10 по првото полувреме, а плус три негуваше и некаде во финишот на натпреварот (23-20), но немаше сили и фокус да ја надгради таа состојба и наместо тоа му дозволи на противникот да си замине непоразен од „Јане Сандански“.
Танкоски со шест и Поповиќ со пет гола беа најефикасени во тимот од Автокоманда, а кај гостите Вердинек со девет беше нерешив проблем. Ова беше последно филтер-коло пред групите во ЕХФ-купот, така што Горење е екипата која си обезбеди уште, барем, шест кола со три нови противника.