Фудбалерките повторно немоќни: Австрија славеше лесно во Скопје (ФОТО)
Нашите најдобри фудбалерки вечерва во Скопје на арената „Тодор Проески“ загубија од Австрија со 0-3. Никол Била од пенал го отвори резултатот во 35-тата минута, а во судиското продолжение на првиот дел веќе беше 0-2, бидејќи во мрежата на Македонија погоди и Сара Задразил. Победата на Австријките ја запечати Барбара Дунст во 78-та минута.
Ова е втор пораз од Австрија за нашата репрезентација во групата Г, бидејќи загубивме и на нашата прва меѓусебна средба на гостински терен. Засега единствениот триумф на четирите квалификациски натпревари нашите фудбалерки го остварија против Казахстан со 4-1 на домашен терен.