Позната е судбината на Џанлуиџи Донарума во Милан

Милан пред неколку дена го објави финансискиот извештај за минатата сезона, а клубот прикажа рекордни загуби од околу 150 милиони евра. 

Италијанските медиуми побрзаа со шпекулациите дека поради ова клубот во јануарскиот преоден рок ќе го продаде својот највреден фудбалер, голманот Џанлуиџи Донарума. Сепак, еден од најценетите италијански фудбалски новинари Џанлука ди Марцо, тврди дека „росонерите“ немаат намера да го продаваат својот голман, особено не во јануари.

Ставот на Милан е дека Донарума моментално е недопирлив. Клубот во летниот преоден рок одби 20 милиони плус Алфонс Ареола од ПСЖ. Челниците на Милан се подготвени да му понудат нов договор на голманот и наскоро ќе седнат на преговори со неговиот агент Мино Рајола.