Падна европскиот шампион: Гидсел го водеше Фуксе Берлин до финале во Келн!
Првото полувреме донесе ефикасна игра во која на крајот ракометарите на Фуксе на пауза заминаа со два гола предност од 19-17.
Во второто полувреме европскиот шампион заигра подобро, па на десетина минути пред крајот по подолго време го презема водство со 32-31.
Но, тоа темпо не го издржа до крајот, Фуксе одигра фуриозен финиш во кој направи пресврт и на крајот успеа да слави и со пет голови разлика.
Одличен на теренот беше Матијас Гидсел кој постигна девет гола и покрај бавниот почеток во кој првиот гол го постигна дури по 17 минути игра. Девет гола на спротивната страна постигна Омари Инги Магнусон.
За издвојување е и настапот на екс-голманот на Вардар, Дејан Милосављев кој собра седум интервенции, но неколку од нив беа во клучните моменти, а средбата ја заврши и со еден постигнат гол.
Во финалето Фуксе ќе игра против подобриот од вториот полуфинале дуел од 18:00 часот во кој играат Барселона и Алборг.