Турски репрезентативци пушат марихуана пред натпреварот со Австралија!? (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Турција е погодена од голем скандал пред првиот натпревар на Мундијалот кој го игра утре во шест часот наутро по средноевропско време против Австралија.

Имено, пред дуелот се појави снимка од фудбалерот на Фенербахче, Чаглар Сојунџу кој е во друштво со уште двајца соиграчи.

Иако не е потврдено, според дел од коментарите тие на снимката не пушат обични цигари, туку марихуана.

За ваквата ситуација турскиот селектор, Винченцо Монтела сè уште не се огласил. Ќе потсетиме, Турција на ова Светско првенство се врати по пауза од 24 години.