Динамо Загреб се „врати од мртвите“ и го елиминира Тун
Тун имаше идеален почеток на мечот во Загреб, откако стрелаше во четвртата преку Лабу, а потоа погоди и Бурки за предност од 2-0 во првото полувреме.
Динамо се мачеше во вториот дел, па така сè делуваше загубено до 67. минута кога Бурки доби црвен картон, а потоа Бељо го скрши отпорот на гостите и погоди за 1-2.
Набрзо падна и вториот гол во мрежата на Тун, откако Качавенда во 78. минута стрелаше за 2-2, а со тоа обезбеди продолженија на натпреварот.
Пообедата за Динамо ја обезбеди Морис Валинчиќ во 112. минута кога ги постави конечните 3-2.
Фото: FC Thun