По цела една деценија, Серија А подобро рангирана од Бундеслигата!

Ги бркаа со години, сега ги стигнаа, но кога станува збор за онаа основна цел, овој податок и не е толку значаен како што беше до пред една сезона.

По точно десет години, Италијанците ги поминаа Германците, односно Серија А ја помина Бундеслигата на ранкинг листата во Лигата на шампионите, а на Англичаните им се доближија само на два поени. 

Секако, најмногу за да се случи ова придонесе Јувентус со две финалиња во три години, но и Наполи и Рома стигаа до групните фази. По поразите на Дортмунд, Баерн и Лајпциг, Серија А сега е пред Бундеслигата на УЕФА ранг листата.

Да важеа старите правила, Серија А од следната сезона ќе имаше четири претставници во Лигата на шампионите, поточно три директни пласмани во елитата и еден би играл во плејофот, а Бундеслигата ќе паднеше на три.

Но, тоа сега не е значајно, бидејќи според новиот формат на Лигата на шампионите кој стапува на сила од следната сезона, сите четири водечки лиги ќе имаат по четири претставници, Французите ќе имаат три, поточно два директни пласмани и еден квалификант.

Сепак, во Италија овој факт се толку како опоравување на фудбалот кој сепак, и понатаму без потребната инфраструктура и вложување на повеќе пари не може да се врати на местото кое му припаѓаше до оваа деценија.