Фудбалерите и ракометарите на Вардар заедно ќе ги слават титулите - на „Школка“!
Покрај фудбалерите на Вардар, ќе присуствуваат и ракометарите кои исто така станаа шампиони на Македонија. На „Школка“ ќе има и свирка на реномиран рок бенд кој ќе ги забавува присутните.
Прославата ќе биде отворена за сите навивачи на Вардар кои ќе имаат можност да се соберат на едно место и да го прослават успехот.
Натпреварот меѓу Вардар и Шкендија е закажан за сабота со почеток од 18 часот, а потоа ќе почне прославата во Градскиот парк.