Пуштени се во продажба билетите за финалето од фудбалскиот Куп на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги пушти во продажба билетите за финалето од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија.

Финалето се игра во среда на 20. мај со почеток од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Влезниците се продаваат по 400 денари, а достапни се преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk.

За навивачите на ФК Шкендија се наменети билетите од блок 13 и блок 24.

За навивачите на ФК Силекс се наменети билетите од блок 19 и блок 23.

За сите останати љубители на фудбалот, блок 18 од северната трибина е предвиден за неутрални гледачи.