Гризман се расплака на збогувањето со Атлетико: Знам дека не сте ми простиле за Барса...(ВИДЕО)

Францускиот фудбалер Антоан Гризман вчера го одигра својот последен натпревар за Атлетико Мадрид пред домашната публика, a по натпреварот eмотивно се збогуваше со навивачите. 

Гризман има 35 години и од летово ќе биде нов член на американскиот клуб Орландо сити, а по победата од 1-0 над Жирона не можеше да ги задржи солзите.

„Ми подготвија говор, но сѐ отиде по ѓаволите. Ви благодарам што останавте на стадионот, ова е неверојатно. Знам дека некои од вас сѐ уште не ми простија што заминав во Барселона. Бев млад и направив грешка. Не знаев колку сум важен тука. Сакам да им се заблагодарам на сите со кои се борев тука, од физиотерапевтите и економите, до тренерите, соиграчите и навивачите.

Ви должам многу, како и на мојата сопруга, која секогаш ми беше поддршка. Не ви донесов титула шампион ниту Лига на шампиони, но љубовта што ми ја покажавте вреди повеќе од тоа. Сега е крај. Татковци, мајки, чичковци и тетки, носете ги вашите деца тука за да научат дека Атлетико е најдобар на светот. Ви благодарам“, порача емотивниот Гризман.