Барса го совлада Бетис и постави рекорд - победи на сите домашни натпревари! (ВИДЕО)

Барселона со 3-1 го совлада Бетис во последниот натпревар оваа сезона кој го играше пред своите навивачи.

Барселона сезоната ја завршува со 19 победи од 19 натпревари одиграни на домашен терен.

Откако најдобрата шпанска лига е со 20 клубови, тие се единствениот тим на кој тоа им успеало.

Последен пат кога една екипа направила нешто слично, тоа било во сезоната 1985/86. Тогаш Реал Мадрид ги доби сите домашни натпревари, но лигата беше со 18 клубови.

Во далечното минато Барса уште двапати ја има завршено лигата со максимален број на домашни победи, во сезоните 1958/59 и 1959/60, но тогаш лигата имала 16 клубови.

Што се однесува до денешниот меч, Рафиња донесе водство во 28. минута. Со 1-0 заврши првото полувреме.

Во 62. минута Рафиња пак даде гол, Барса поведе со 2-0. Седум минути подоцна Иско од пенал намали на 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Кансело со убаво пласирана топка во 74. минута од натпреварот.

Ова беше и последен натпревар за Левандовски на Камп Ноу. Полскиот напаѓач со многу емоции го напушти теренот.