Македонија никогаш поубедливо не се пласирала на СП! (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација денеска одигра моќен натпревар против Словачка, победивме со 15 голови разлика и во голем стил обезбедивме место на нов Мундијал.

Македонија славеше со 38-23, вкупниот резултат во двата дуели со Словачка 69-47, што е наша најубедлива бараж победа досега. Претходната беше во јуни 2014 година против Грција кога ги совладавме со вкупни 62-48.

Македонските ракометари го продолжуваат континуитетот на настапи на големите натпреварувања. Светското првенство се игра во јануари наредната година во Германија.