Баерн Минхен го прегази Трир, Димитријевиќ постигна 13 поени!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ помогна во победата на Баерн Минхен над Трир (101-80) во четвртфиналето од плејофот во Бундеслигата.

Гостинскиот тим беше подобар само во првата четвртина (26-20), по што Баерн ја презема контролата и доминираше до крајот за да запише убедлива победа.

Најефикасен во редовите на Баерн беше Андреас Обст со 24 поени, додека Димитријевиќ го заврши натпреварот со 13 поени, пет скокови и седум асистенции. На спротивната страна Уралд Кинг постигна 18 поени и осум скокови.

Фото: Facebook/FC Bayern Basketball