Одбојкарките поразени од Унгарија на стартот на Европската лига
Македонија поведе на стартот на првиот сет (2-0), но потоа фаворитот ја презема контролата и постојано ја зголемуваше разликата до 25-14.
Одбојкарките на македонската репрезентација дадоа поголем отпор во вториот сет и не ѝ дозволија на Унгарија лесно да го освои (21-25).
Унгарија тргна фуриозно во третиот сет и доминираше на теренот за на крајот да слави со убедливи 25-11.
Македонија следниот натпревар го игра утре против Португалија.