Гвардиола ѝ препорача засилување на Барса: Многу е добар!

Веќе поранешниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја советува Барселона без размислување да го ангажира Бернардо Силва.

Бернардо Силва ова лето ќе го напушти Манчестер Сити и се верува дека преферира преселба во Шпанија, каде Атлетико Мадрид и Барселона пројавуваат интерес за неговите услуги.

Пеп Гвардиола сега ги советува „каталонците“ без размислување да го ангажираат Португалецот.

„Бернардо Силва е премногу добар. Со неговиот квалитет, лесно би се вклопил во секоја екипа“ – вели поранешниот тренер на Манчестер Сити.

Кога е во прашање неговата иднина, Пеп Гвардиола додава: 

„Дури и јас самиот не знам што ќе правам“.