Пелистер потпиша со младински репрезентативец на Хрватска

Поранешниот македонски шампион Пелистер потпиша договор со младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе.

Басанесе игра на позицијата десен бек, а пред трансферот во Пелистер играше за Умаг, додека со кадетската репрезентација на Хрватска освои медал на Медитеранските игри

„Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе. Овој 18-годишен кадетски и младински репрезентативец на Хрватска игра на позицијата десен бек и доаѓа со одлични препораки од хрватската ракометна критика. Пред да дојде во Битола, Басанесе со успех го носеше дресот на Умаг, а со кадетската репрезентација на Хрватска блесна и се врати со медал од Медитеранските игри. Басанесе потпиша четиригодишен договор со Пелистер. Клубот ќе го претстави на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27“, соопштија битолчани.