Ѓер ќе ја брани европската титула против Мец

Унгарската екипа Ѓер се пласира во финалето на женската Лига на шампиони (ЛШ), откако славеше со 31-30 против Брест, па со тоа закажа финале против француски Мец.

Двете екипи понудија одличен ракомет во првото полувреме, а Ѓер беше подобар за еден погодок (17-16). Големата борба продолжи и во вториот дел, а Брест влезе во финишот со предност од 30-29. Сепак, актуелниот европски првак со два гола по ред стигна до триумф (31-30).

Најефикасна во победничката екипа беше Дион Хушер со девет голови, додека Ана Вјахиерева запиша седум погодоци за Брест.

Претходно во финалето на ЛШ се пласира Мец со победата над Букурешт од 32-27.

Фото: Győri Audi ETO KC | Gyor