Раул ја врати Србија меѓу најдобрите - преку Унгарија на СП 2027!
Двете екипи водеа голема војна од самиот старт, а Унгарија по првите 15 минути стигнаа до 10-8. Тренерот Раул Гонзалес реагираше и успеа да ги смири своите избраници и набрзо Србија направи пресврт (14-13). До крајот на полувремето се водеше жестока борба и на паузата заминаа со 17-17.
Унгарија во финишот направи предност од 29-26, но Србија намали со два гола по ред на 28-29. Вистинска драма се случуваше во последните минути, а нашиот северен сосед на крајот загуби само со еден погодок негатива (30-31).
Поранешниот македонски селектор и актуелен предводник на Србија успеа да ги врати нашите соседи на големото натпреварување, откако го пропуштија последното пред две години.