Ѓорческа ја дозна првата пречка во квалификациите за Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за гренслем-турнирот Ролан Гарос, а нејзина противничка ќе биде Сузан Ламенс од Холандија.

Ламенс има 26 години и се наоѓа на 124. место на ВТА-листата, додека Ѓорческа во моментов се наоѓа на 191. позиција.

Македонската тенисерка најголемиот успех во квалификациите на гренслем-турнирите го имаше на Австралијан опен, каде што стигна до третата рунда во 2017 година.

На Ролан Гарос и Вимблдон беше елиминирана во првото квалификациско коло во 2017 и 2024 година. Исто така, на Ју-Ес Опен стигна до втората рунда во 2018 година.

Натпреварот меѓу Ѓорческа и Ламенс се очекува да почне по 11 часот.